Народот вели кој лаже тој и краде. Дезертерот Ковачевски треба да и објасни на јавноста кога ја лажеше, дали кога велеше дека не го отслужил воениот рок поради школувањето, или кога велеше дека имал хируршки интервенции, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека еЕдинствено кое може со сигурност да се потврди е дека Ковачевски има тапија за ТРАЈНА НЕСПОСОБНОСТ со која одбегнал да и служи на Македонија.

-Токму затоа треба надлежниот суд да ја провери и утврди неговата деловна способност. Можеби деловната неспособност е причина за тоталната неспособност на власта. Една лоша одлука или еден погрешен потпис на документ, еден тендер, може да е причина за економска и енергетска катастрофа. Дезертерот Ковачевски не треба да бега од одговори како за овој скандал, така и за аферата Броило. Народот треба да знае дали има премиер кој е неспособен за служење војска, ама способен за тендери и креирање на картели за богаење во време на криза, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.