Експертите ја проценија состојбата на 393 езера, од кои повеќето се наоѓаат во умерениот климатски појас, откако се обработени податоци за периодот од 1941 до 2017 година.

Резултатите од студијата покажуваат дека езерата губат кислород меѓу 2,75 и 9,3 пати побрзо од светските океани, што има негативно влијание врз состојбата на екосистемите. Од 1980 година, содржината на кислород во истражуваните резервоари е намалена за 5,5 отсто на површината и за 18,6 проценти на дното.

Причина за промените е зголемувањето на температурата на свежата вода за 0,38 степени Целзиусови за десет години, велат експертите. Овие последици од глобалното затоплување придонесуваат за репродукција на сино-зелените алги, чии токсини се опасни за другите живи организми кои живеат во слатководните резервоари.

Намалувањето на нивото на кислород создава услови, кои се неопходни за размножување на анаеробни бактерии. Метанот кој го испуштаат ги зголемува емисиите на стакленички гасови, што само го забрзува темпото на климатските промени. На овој начин, затоплувањето може да доведе до исцрпување на резервите на вода за пиење и нарушување на рамнотежата на слатководните екосистеми