Според заклучокот од ова истражување, хемопрофилаксата со спреј за грло врз основа на хидроксихлорокин или повидон-јодот е поефикасен од витаминот Ц во намаливањето на ризикот од инфекција со коронавирусот кај младите здрави мажи.
-Во споредба со витаминот Ц значителното намалување на ризикот од зараза во апсолутно ниво е забележано во случаите кога е користен хидроксихлорокин за внатрешна употреба и спрејот за грло на база на поводон-јод, се вели во извештајот.
Употребата на овие препарати може да го намали ризикот од ширење на Covid-19 во земјите каде што масовните вакцинации сѐ уште не се започнати, вели за сингапурскиот весник Straits Times, доцентот Рејмонд Сит, кој го водел истражувањето.
Додава дека, сепак, носењето маски и одржувањето на социјалната и физичката дистанца, поради забавувањето на програмите на масовни имунизации против коронавирусот, во моментов се единствените мерки за спречување на ширењето на заразите чијашто ефикасност е докажана.
Извештајот е објавен по обемните истражувања на разни лекови и препарати кои можат да се користат во борбата против ширењето на коронаинфекциите. Со студијата биле опфатен повеќе од три илјади мажи, на просечна возраст од 33 години, кои на почетокот од истражувањато не биле заразени со Covid-19.