Динамо Загреб и грчки АЕК го играат првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампиони во Хрватска во 20 часот, но сè уште во центар на внимание се случувањата од пред неколку дена во Атина.

Мечот во Загреб требаше да биде реванш, но првиот дуел во Грција не се одигра поради тепачката на навивачите, при што животот го загуби еден од фановите.

Пред натпревар на тимовите, навивачите на АЕК испратија порака до Европската фудбалска унија (УЕФА).

„Исфрлете ги нацистите од фудбалот“, порачаа грчките навивачи.