Поради најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за појава на нестабилно време, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, апелираме до граѓаните да не ги паркираат своите возила под дрвја и да избегнуваат задржување во близина на висока вегетација, со цел да се намали ризикот од евентуални несакани последици, стои во објавата на ЈП „Паркови и зеленило“.

Од таму велат дека доколку граѓаните забележат паднато дрво, скршени гранки или друга опасност предизвикана од временските непогоди, веднаш да ја пријавите на тел. број за итни случаи 112 или на дежурните телефонски броеви објавени на веб-страницата на ЈП „Паркови и зеленило“.