Лидерот на партијата Израел наш дом, Авигдор Либерман, ја одби понудата од партијата Ликуд да се приклучи на коалицијата предводена од актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху по одржаните парламентарни избори.

„Свесен сум за потребата за формирање на влада, но не му верувам на Нетанјаху. Тој мора да замине“, посочи Либерман.

Тој исто така јавно наведе дека неговата политичка партија нема да коалицира ниту со двете арапски партии во парламентот.

На предвремените парламентарни избори во Израел, одржани на 27 октомври, блокот партии околу Нетанјаху освои вкупно 53 пратенички места, при што Ликуд остана најголема поединечна партија со 27 мандати. Опозицискиот блок предводен од Гади Ајзенкот обезбеди 48 места, а арапските и палестинските партии освоија вкупно 19 пратенички места.