Европа помеѓу војна и мир

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Европа не е на пат кон војна со Русија, но веќе не живее во мир. Тој истакна дека конфликтот на Москва не е само војна против Украина, туку и против демократијата и слободата во Европа.

„Дозволете ми да го кажам ова во реченица што можеби е малку шокантна на прв поглед… ние не сме во војна, но веќе не сме ниту во мир. Војната на Русија е војна против нашата демократија и војна против нашата слобода“, рече Мерц на медиумски настан во Дизелдорф, според „Ројтерс“.

Тој додаде дека намерата на Москва е да го поткопа единството во Европската Унија.

Планови за Украина и економски притисок врз Русија

Мерц се осврна и на својата неодамнешна поддршка за планот на ЕУ за одмрзнување на руските средства, кој би можел да обезбеди финансиска поддршка за Украина во период од три до пет години.

Тој рече дека во тој период би можело да стане „економски неодржливо“ за Русија да продолжи со својата офанзива против Украина.