Во неделниот извештај кој го објавува ЈП „Водовод и канализација“ стои дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 01.11.2021 до 05.11.2021 земал 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје.
-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, стои во соопштението.