Станува збор за постари лица кои пред пет-шест месеци ги примиле двете дози вакцини. Ова го истакна директорот на Здравствениот дом во Македонски Брод, Жарки Симески.
-Во Здравствениот дом во Македонски Брод од почетокот на вакцинацијата, а тоа беше крајот на април, до денеска прва доза вакцина против Ковид-19 примиле вкупно 6 500 граѓани. Во истиот период втора доза вакцина примиле 6 300 лица, кои се вакцинирани со вакцините на „Синовак”,„Астра Зенека”, „Фајзер” и „ Синофарм”, рече Симески и нагласи дека бројката на вакцинирани во оваа општина е многу поголем од вакцинираните во домот.
Оваа бројка на вакцинирани во нашата општина, посочи, е многу поголем, бидејќи дел наши сограѓани вработени во полиција, Армија, здравство, судство и образование се вакцинираа во Скопје или во Битола.
– Од друга страна, бројот на вакцинирани во Здравствениот дом во Македонски Брод не се однесува само на локалното население, бидејќи дел од овие вакцини ги примија и жители од други општини како Кичево, Прилеп и околината и во еден период нашиот Здравствен дом се претвори во вистински регионален вакцинален пункт-истакна директорот Симески.
Тој го потенцира недоволниот интерес на жителите од оваа општина за трета доза вакцина, бидејќи во изминатите повеќе од два месеци трета доза вакцина на „Фајзер” примиле 254 лица.
Симески е оптимист и очекува во наредниот период кога е можен и нов бран на вирусот и зголемен број заболени, бројот на лица што ќе ја примат третата доза да биде поголем.