Атлетико по 11 пат стана фудбалски шампион на Шпанија.
Реал Мадрид имаше шанса да го стигне градскиот ривал, но победата на Атлетико ги отстрани сите дилеми во врска со шампионот, па победата на Реал Мадрид над Виљареал немаше поголема важност.
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне по втор пат го водеше својот тим до титулата во Ла Лига.
Покрај Атлетико и Реал, следната сезона во Лигата на шампионите ќе играат Барселона и Севиља, во Лига Европа се пласираа Реал Сосиедад и Бетис, додека во Конференциската лига на Европа ќе игра Виљареал.
Ла Лига ја напуштаат Хуеска, Ваљадолид и Еибар.