Дваесет и деветгодишниот фудбалер ги постигна 400-от и 401-от гол во кариерата.
Нејмар има постигнато 90 гола за ПСЖ во сите натпреварувања, 136 за Сантос, 105 за Барселона и 70 за Бразил.
Бразилецот се искачи на 8. место меѓу најдобрите стрелци во историјата на парискиот клуб. Нејмар го помина Анхел Ди Марија, кој стигна до 89 гола во дресот на ПСЖ.
Рекордер на ПСЖ е Единсон Кавани (200). Во топ 7 се и Златан Ибрахимовиќ (156), Килијан Мбапе (139), Паулета (109), Доминик Рохто (100), Мустафа Далеб (98) и Франсоа Мпеле (95).