Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, сподели со француските новинари дека само со дриблинзи може да се заштити од грубите стартови на противничките играчи.

Нејмар (30) дојде во ПСЖ од Барселона во 2017 година во трансфер вреден 222 милиони евра.

Бразилецот рече дека е изненадуван од грубата игра во француското првенство и посочи оти е честа мета на груби прекршоци од противнички играчи.

-Не бев свесен колку е физички напорно да се игра во француското првенство. Единствен начин да избегнам повреда поради брутални стартови е да сум внимателен и концентриран. Колку повеќе ривалите му соборуваат, толку повеќе јас сакам да дриблам. Единствено така можам да се заштитам од грубите напади од противничките играчи, изјави Нејмар.