Бразилскиот фудбалер Нејмар пред пет години пристигна во ПСЖ од Барселона за неверојатни 222 милиони евра, но се чини дека не успеа да ги оправда тие пари.
ПСЖ ги шокираше сите во летото 2017 година кога ја активираше откупната клаузула на Нејмар и го купи од Барселона за 222 милиони евра, што се уште е рекорден трансфер во светот на фудбалот.
Нејмар дојде да им донесе на парижаните титула во Лигата на шампионите, но во петте сезони како член на овој клуб не успеа во тоа.
Иако пред три години беше на чекор од враќање во Барселона, ПСЖ на крајот реши да го задржи, но изгледа се свесни дека тогаш веројатно згрешиле бидејќи Нејмар навистина не донесе се што очекуваа.
Претходните две сезони останаа во сенка на одличниот Килијан Мбапе, кој е покрај Лионел Меси првата ѕвезда на Париз. Поради тоа повторно се шпекулираше дека Нејмар би можел да го напушти ПСЖ, а овојпат челниците на клубот немаат ништо против.
Француските медиуми објавија дека Парижаните решиле да го стават Нејмар на трансфер листата, но она што многумина ги изненади е цената која ПСЖ ја одреди за Бразилецот.
Наводно, ПСЖ бара „само“ 50 милиони евра за Нејмар и се подготвени да го продадат доколку некој понуди толкава сума на пари. Ова е изненадување бидејќи е јасно дека ПСЖ за него издвоил дури 222 милиони евра.
Сепак, ниту еден клуб се уште не покажал голем интерес за Нејмар, но тоа сигурно ќе се промени кога ќе се слушне каква цена му поставиле парижаните.
30-годишниот Бразилец минатата сезона поради проблеми со повреди одигра само 28 натпревари во сите натпреварувања и успеа да постигне 13 гола и да додаде осум асистенции, што секако е далеку под неговиот просек од претходните сезони.