Италијанскиот стратег очекува напаѓачот да биде подготвен уште за првите натпревари на турнирот
Одлуката на тренерот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, да го вклучи Нејмар во составот за Светското првенство предизвика позитивни реакции во Бразил, иако искусниот напаѓач повторно се соочи со проблеми со повреда по објавувањето на конечниот список.
Според првичните проценки, Нејмар требало да паузира околу три недели, но тоа не го поколебало Анчелоти да остане на својата одлука.
„Очекуваме дека Нејмар ќе биде подготвен веќе за првиот натпревар против Мароко или евентуално за следниот натпревар. Нема да има други повици. Ова се играчите што ги избравме и не ги менувам нашите планови. Сите 26 фудбалери што ги избравме ќе патуваат на Светското првенство и ќе имаат можност да играат“, изјави Анчелоти.
Тој доби и прашање дали би ја донел истата одлука доколку повредата на Нејмар била посериозна.
„Да имаше мојот дедо тркала, ќе беше автомобил“, одговори низ смеа италијанскиот стратег.
Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Мексико и Канада.
