Најголемата девалвација на денарот се случува ВО ИСТ ДЕН кога власта на СДС прави оружен полициско-етнички конфликт во Гостивар. Сето минува незабележано.

ПИШУВА: Наум Стоилковски

ТАТ, што доведе до катастрофа со човечки животи во Битола и Македонија; “функционер во тренерки” од СДС пред да пропадне вадел полни црни ќеси пари од внатре. Никогаш не расчистено.

СДС од позиција на дополнителен министер во Финансии, го влоши кредитниот рејтинг на Македонија, праќајки писма до меѓународни финансиски институции со што ја креваа каматната стапка на државата. Цехот го плаќа Македонија.

Министерка за финансии на СДС извади пари од Еуростандард банка 5 дена пред на банката да и биде одземена дозволата за работа и да пропадне заради кредити без покритие на лица и фирми од врвот на СДС. Истрагата ќе си покаже.

Системско и намерно креирање на паника од СДС за нагло вадење на пари од Алта банка и доведување до степен и во состојба таа да не може да функционира. Навреме спречено.

Мислам дека ова е доволен потсетник за да добиете слика дали воопшто на СДС би им доделиле и купон за попуст од супермаркет на чување, а не па да им верувате за банкарско и финансиско работење.

П. С. За јахтите, златните визи, полињата со соларни панели, еве ништо не кажувам, си ги знаете.