Од вчеравечер почна големата акција за чистење на Скопје во организација на новоименуваниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Бура од коментари на социјалните мрежи. Некои ја поздравија акцијата за конечно Скопје да заличи на главен град, како што доликува во 21. век, други „хејтаа“. Се огласи и познатиот ноовинар и инфлуенсер Богдан Илиевски попознат како „Бетмен Велит“.
– За некои луѓе да е нечисто не чини. Да чистиш пак не чини, констатира тој во својата фејсбук објава.
Еве што порача:
– Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва од паркингот кај хотелот „Александар Палас“ го означи почетокот на големата акција за чистење на градскиот смет, кој е наталожен во огромни количини поради подолгото нефункционирање на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Нели немаше возила, нели немаше луѓе, нели немаше ова, немаше она… И оп… Имало се, ама абер се немало.
И сега почна генералката, според ветеното. Сега е проблем што се чистело со шмркови, што дури и пожарникарите го переле плоштадот, што се вклучиле овие, што се вклучиле оние…
Па почнаа форите од истите кои пред 10 дена низ стаорци шетаа кога одеа по тротоар, од типот: „Хехехе ќе исчистеле, а? Значи утре одиме по чорапи низ град, хехехе“.
За некои луѓе да е нечисто не чини. Да чистиш пак не чини.
Смешни сте, ама не на начин на кој вие мислите дека сте смешни. Ѓубрето нема повеќе да биде тема, ама ќе си најдете друг извор да јадете што ви е по ќеиф. И тоа така ќе биде. Кучињата се за да лаат, карванот да врви, порача Илиевски.
Својата објава ја дополни и со интересна поучна приказна-басна чија главна порака е, дека некогаш како и да правиш на луѓето не може да им угодиш.
