Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои нема активни, еден е под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти ЦУК.

Се уште гори, но под контрола е пожарот кај село Белица и Јасен, каде што е зафатена нискостеблеста и мешана шума.