ВМРО-ДПМНЕ реагира дека СДС, наместо да обезбеди правда за семејствата кои ја бараа вистината и одговорите за трагичните настани, собирал политички поени на нивна сметка.

Во продолжение целосното соопштение од партијата:

„СДС и човечност се два различни поими.

Дојдоа на власт со собирање на политички поени на сметка на трагедии, на сметка на семејствата кои жалеа и имаа надеж дека СДС ќе ги реши нивните случаи, дека СДС ќе им донесе правда, дека СДС ќе им ја обелодини вистината.

Ништо од тоа не се случи, семејствата на загинатите, повредените, беа заборавени, не добија правда, не добија одговори, не добија надеж. СДС си играше со човечките судбини за да дојде и опстане на власт.

Нема да дозволиме играње со човечки судбини за дневни политички цели. ВМРО-ДПМНЕ не е ни судија, ни обвинител, ни инспектор, ниту пак е орган кој може истото да го направи.

Повторно потсетуваме и нема да се повторуваме. Секој којшто директно или индиректно има удел за настанатиот пожар во Кочани, а за тоа има докази, треба да одговара. И стоиме зад ова. Без разлика на етничка, партиска или национална припадност.“