Како што е наведено, хеликоптер „ми-8“ ги открил остатоците од авионот, а вкупно 140 луѓе и 35 возила учествувале во акцијата за пребарување и спасување.

Рускиот транспортен авион „ан-26“, во кој имало шест членови на екипажот, се урна вчера, на околу 38 километри од градот Хабаровск, на крајниот исток на Русија, при извршување на технички задачи за проверка на системот за контрола на летање на руските аеродроми.