Иако во одредени градови се забележани зголемен број случаи на коронавирус, но и на хоспитализирани пациенти, со проширување на капацитетите сето ова е под контрола и според министерот Филипче, засега нема промени во мерката полициски час, односно тој останува активен од 22 часот до 5 часот следното утро.
Министерот исто така потврди дека во изминатите 30 дена е забележано зголемување на новозаразени случаи. Ситуацијата ќе се следи и во следната недела, пред да се носат какви било дополнителни рестриктивни мерки.
Тој порачува дека пандемијата се уште не е готова и дека заштитните мерки и понатаму се на сила и мора да се почитуваат, а граѓаните да останат внимателни, додека да се надмине кризата со набавка на вакцините.
Филипче дополнително апелира граѓаните да ги почитуваат сите превентивни мерки и препораки.