Смртта на македонското здравство најдобро се гледа преку примерот од Битола каде пациент бил упатен во Прилеп затоа што во болницата во Градот на конзулите немало кој да му стави најобичен катетер.
Документот кој го објавува шефот на Комисијата за надворешна политика во Собранието, Антонио Милошоски, е шокантен.
Во извештај од специјалист од Прилепската болница во забелешката се наведува дека е срамно клиничката болница во Битола каде што има десет хирурзи да препраќа пациенти за катетер во Прилеп.
Од директорот на Битолската болница се бара да ги среди работите.