На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 6 за возење под дејство на алкохол, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се четири мерки за неносење на сигурносен појас, една за минување на црвено светло, 4 за возач почетник, 15 за прекршоци што ги чинат пешаците, 43 за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.