Францускиот премиер Себастијан Лекорну порача дека насилството нема да ги заплаши властите, по протестите на кои десетици илјади луѓе излегоа на улиците. Демонстрантите протестираа против поскапувањето на животот и влошувањето на јавните услуги, неколку месеци пред претседателските избори.

Во објава на платформата Икс, Лекорну ги предупреди оние што, според него, се обидуваат да го искористат насилството како политичка увертира пред изборите.

„На оние кои очигледно сакаат да го искористат ова насилство како „загревање“ пред претседателските избори, ќе им кажам јасно: Нема да дозволиме да бидеме заплашени. Никој нема да ги наметне своите политички пораки преку насилство“, напиша францускиот премиер.