УХМР предупредува на локални поројни врнежи и грмежи

Следува период на нестабилно време со појава на дожд и грмежи, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Иако утрешното утро ќе започне со сончево и релативно топло време, попладнето носи значителна промена.

Сончево утро, но попладне со локални невремиња

Според најавите од синоптичарите, вторникот ќе започне со умерена облачност и пријатни температури, но во попладневните часови ќе се очекува развој на нестабилна облачност, со појава на локален дожд и грмежи.

Интензивен дожд вечерва: УХМР предупредува на можна појава на брз пораст на водостоите

Променливо време од среда – зголемен ризик од поројни дождови

Почнувајќи од среда, насекаде низ земјата ќе преовладува нестабилно време, со повремени врнежи, локално поројни, проследени со грдмевици. Таквите временски услови може да предизвикаат проблеми во сообраќајот и локални поплавувања во пониските подрачја.

Граѓаните се советуваат да планираат внимателно, особено за активности на отворено и патувања, поради најавените временски неприлики.

Извор: Курир