Израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху и се заблагодари на Македонија за поддршката во борбата против терористичката организација Хамас.
Тие, како држава се заблагодарија на 25 држави „за поддршката на правото на Израел да се заштити од терор“. Меѓу тие 25 држави се наоѓа С. Македонија, САД, Канада, Албанија и други.
Подрршка на израелскиот премиер даде и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и Министерството за надворешни работи
Внимателно ја следиме состојбата во Израел, значајното зголемување на насилствата, вклучително и постојаниот напад од ракетен оган од појасот Газа кон Израел. Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо и дополнително ги зголемува тензиите во регионот. Истовремено го издвојуваме правото на Израел за заштита и одбрана на своето население и територија од нападите на терористичката организација Хамас, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Министерството за надворешни работи со кое раководи Бујар Османи од редовите на ДУИ се придружи на официјален Брисел во осудата на неселективните напади на палестинскoто движење Хамас врз Израел.