Деновиве се случува неверојатно совпаѓање на одлуки на Апелација и граѓанскиот суд во Скопје од кое сопругот на моќен член на Судскиот совет има огромна корист, пренесува Експрес.
Во историјата на македонското правосудство не се случило два различни суда, во случајот скопската Апелација и скопскиот граѓански суд, во 24 часа да донесат две одлуки за ист случај и да ги засилат сомнежите дека можеби има некаква координација во интерес на моќни фигури во правосудството и бизнисот.
Случајот е особено интересен ако се знае дека во процесот пред Врховниот суд беше недвосмислено утврдено дека обвинителството, основниот суд и апелација немале никаква основа за прогон на тужените лица кои со години на различни инстанци морале да докажуваат дека не се виновни.
Дури ни по јасната одлука на Врховниот суд моќни актери во македонското правосудство и бизнисот не се откажуваат од борбата за 700 илјади евра кои со години се блокирани во судскиот сеф иако нивните сопственици според Врховниот суд не направиле никаков криминал.
Се работи за случајот со скопската компанија Скопски Пазар кој застари уште пред дваесетина дена по што е одржано рочиште на кое било утврдено застарување на тужбата која на сопруг на член на Судскиот Совет, Младен Дамев како управител на Скопски пазар, требаше да му донесе 700 илјади туѓи евра.
Вообичаено, записникот од судењето за вакви ситуации е формалност и тужените акционери и екс сопственици на Скопски Пазар со години заробените околу 700 илјади евра можеле да ги добијат во рок од неколку дена.
Наместо како што утврди Врховниот суд неосновано прогонуваните акционери на Скопски Пазар (за кои највисокиот судечки суд донесе став дека не се виновни за тоа за што се гонат), веднаш да ги повратат неправедно блокираните пари, Апелациониот суд прави (не)координирана акција и сопругот на моќната членка на Судскиот совет Весна Дамева пак го добива тоа што го сака.
Наместо судијката Габриела Гајдова во скопска апелација по десетина години јалови судење веднаш да издаде документ дека предметот застарил таа чекала до денот кога Скопскиот граѓански суд на барање на Младен Дамев и неговите газди Фатмир Етеми и Ацо Дудловски носи одлука на акционерите на Скопски пазар без никаква правна основа повторно да им бидат блокирани парите додека не заврши приватната тужба.
Како се случило речиси неверојатното совпаѓање Апелациониот суд формално да ја одложи одлуката се до денот кога Скопскиот граѓански суд носи решение за ново блокирање на 700те илјади евра сега ќе истражуваат новинарите и правните експерти но оваа случајност според индициите може да ја истражува и јавното обвинителство.
Иако никој се уште не може да ги обвини судијката од Скопска апелација Габриела Гајдова и судијката од скопскиот граѓански суд Елизабета Настова дека се дел од некаква мрежа која треба по секоја цена да ги одземе 700 парите од поранешните сопственици на Скопски Пазар, сепак во најмала рака Судскиот совет, секторот за организиран криминал во МВР и Јавното обвинителство можат да утврдат зошто Апелација доцнела и со тоа создала услови да се исполнат надежите на сопругот на моќната Весна Дамева.
Посебно прашање е правната основа на одлуката на судијата Настова од скопскиот граѓански суд која донесла одлука во ист правец со судијката Гајдова која е од интерес на сопругот на Весна Дамева.
Дамева инаку како членка на Судскиот совет е меѓу луѓето што одлучуваат кој ќе стане иден член на скопскиот Апелационен суд.
Дали Настова е кандидат за иден член на Апелациониот суд Скопје можете да заклучите и сами.
Тим на expes.mk веќе подготвува анализа на решението на Настова за блокирање на парите од поранешните сопственици на Скопски пазар кое е во најмала рака чудно. Според првичните анализи Настова грубо крши неколку правни правила за што ќе информираме дополнително.