Како што јавуваат надлежните освен поплавени улици и подруми, граѓаните пријавуваат и посериозни штети.
– Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда пандале врз две возила во движење. Нема информации за повределни лица – велат од Центарот за управување со кризи.
Граѓаните исто така пријавуваат дека има паднати дрва низ градот, од кои дел исто така се врз авомобили.
– Од невремето кое вечерва го зафати Скопје во оперативниот центар на ЦУК стигнаа околу 70 пријави од кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријава за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров. Сите пријави се пренесуваат кон надлежните институции – соопштуваат од ЦУК.
Воедно поради силниот налет има проблеми со снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации, а поради недостиг на енергија прекината е и седницата во Собранието каде треба да се гласа за новата Влада на Македонија.
Недостиг на струја пријавуваат и жителите на општина Бутел, особено населбата Ќерамидница.