Newsmax со пофалби за договорот со Британија

Историскиот договор е „мета” и на странските медиуми кои анализираат што значи ова за двете држави. Реномираниот медиум Newsmax ваквиот договор за стратешко партнерство го оценува како значаен за зајакнување на македонската економија.

Историски, стратешки и исклучително поволен — така може да се опише новиот договор меѓу Велика Британија и Македонија, кој обезбедува 5 милијарди фунти преку UK Export Finance. Овој потег претставува пресвртница за македонската економија и развој, отворајќи врати кон иднина исполнета со модерна инфраструктура, силен здравствен систем и европски образовни стандарди.

Не помалку значаен е и политичкиот капитал на човекот што стои зад овој договор — вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Со овој потпис се потврдува визијата на оваа влада во клучните сектори.

Александар Николоски: „Ќе ги подигнеме администрацијата и бизнис-секторот на ново ниво“

„Овој договор ни овозможува да го искористиме искуството и најдобрите експертизи од британската јавна администрација и деловен сектор, што ќе помогне да ја издигнеме нашата администрација, како и македонската бизнис-заедница, на сосема ново ниво“, изјави Николоски, додавајќи дека проектите се само почеток на една многу поголема трансформација.

Инфраструктура што менува животи – странските медиуми со анализа

Новите проекти ќе опфатат изградба на брза железница на Kоридорот 10, модернизација на болници низ земјата и целосно нов медицински кампус во Штип, со факултет и студентски дом. Сите овие иницијативи ќе резултираат со нови работни места, подобрен пристап до здравствена заштита и модерни образовни услови.

„Овие инфраструктурни инвестиции ќе имаат мултипликативен ефект — ќе ја подобрат поврзаноста и ќе генерираат раст во поврзаните сектори, зајакнувајќи ја конкурентноста на економијата на Северна Македонија“, се наведува во анализата.

Целосната анализа може да ја погледнете ТУКА.