Голем одзив на граѓани денес во Општина Охрид со идеи и предлози за креирање на Буџетот за 2023 година. Граѓаните имаа можност своите барања и потреби да ги презентираат пред градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, Секретарот на Општина Охрид, раководителите на сектори и одделенија од Општина Охрид, директорите на Јавните претпријатија и дел од советниците во Советот на Општина Охрид.
Пецаков беше задоволен и исто така најави дека овој ”тренд” ќе продолжи да се негува и понатаму бидејќи локалната власт се црпи исклучиво од граѓаните и секако како такви тие треба да имаат предност во однос на давањето идеи и одлучувањето
На ниво на месни заедници имаа два-три проблеми кои посебно ги истакнаа и замолија да влезат во програмите на Буџетот, односно во изгласувањето на самиот буџет. Месните заедници се оргнизирани имаат свои предлози, дојдени се со она што за нив претставува суштинска потреба на жителите од местото од кое доаѓаат и би рекол дека принципот кој што го создадовме минатата година секогаш кога е нешто битно да се направи без разлика дали е асфалтирање улички, проблеми со водата, нова водоводна линија, канализциска мрежа или било каква потреба ние сме биле во комуникација со нив. Не била лична моја желба или на секторот туку на нивните долгогодишни проблеми. И овој повик го сватија така. Тие се дојдени спремни за она што се суштински потреби и побарувања за да влезат во буџетот во наредниот период без разлика дали ќе биде во 2023, 2024 или 2025. Во наредните три години да можеме да решиме што поголем број проблеми на граѓаните, рече Пецаков.
Отворените денови за идеи и предлози, но и увид во буџетот ќе има и утре, како и наредниот викенд, односно на 10 и 11 декември.