Никола Јакимоски е среќниот фаќач на крстот кој беше положен во водите на Охриското Езеро.
Свештеникот кој ги освети водите, рече дека Никола од Охрид е оној кој годинава го фати крстот, а не е од Варош. Години наназад, крстот од водите го вадеше момче од Варош.
Никола посака здравје и среќа за сите, а заедно со другите кои се фрлија во водите на Охридското Езеро испеаја пригодна црковна војорданска песна.
„Да ни е за многу години, здравје, љубов на сите, здравје како дрен и радост бидејќи со радост е се поубаво и повесело“, рече Никола Николовски.
Тој беше даруван со златно ланче од МПЦ, а пак, од градоначалникот Кирил Пецаков со рачно изработена икона.