Николоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ на овој конгрес ќе излезе со нова доктрина која ќе го постави коцептот на работа кој ќе оди од центар, ќе оди према лево, малку и ќе оди кон центар десно.

-ВМРО-ДПМНЕ останува народна, демохристијанска и центар десна, а сега сакаме малку да ја отвориме партијата. Сакаме во неа да се препознаваат сите. И она што е многу значајно тоа ќе биде партија за сите кои не сакаат корупција, а сакаат подобар животен стандард, рече Николоски.

Ова е редовен Конгрес, додаде тој, на кој ќе победи претседателот Мицкоски, и ако во претходните четири години ја стабилизираше и ја направи победничка партија, следните четири ќе ја стабилизира државата.

-Очекувам многу скоро уште првата година да стане премиер, рече Николоски.

Николоски истакна:

-Сега е победничка партија, кредибилен партнер на граѓаните, партија посакувана за партнер од сите политички партии, партија партнер на меѓународната заедница, граѓанското општество. И сега е сериозно подготвена да ја води Македонија. А за овие четири месеци нашите градоначалници покажаа дека може да сработи повеќе од тоа што они го направија за четири години