Тој додаде дека се надева дека ќе има разум во Бугарија после парламентарните избори и дека ќе дојдат нови таму сили кои што поинаку ги гледаат односите со Македонија. И дека ќе може да имаме нова политика во Бугарија која што ќе нема да ја блокира Македонија за тоа што Борисов и Каракачанов граѓаните видоа што овие двајца мислат и колку и добро мислат на Македонија.

– Владата сега го влече овој процес и природно е опозицијата да го следи тоа, но во моментов кога одредени структури би биле Влада во Бугарија мислам дека можеме да видиме едни попозитивни ветришта, за тоа што тоа се интереси на Бугарија и бугарскиот народ доколку сакаат да имаат овде пријатели, не може да имаат пријатели а во исто време да ја блокираат Македонија во својот напредок кон ЕУ, рече Николоски.

Потпретедателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека сестринството е во однос на некои клучни теми, но во однос на интересите национални кои што ги имаме како Македонија и како Бугарија очигледно имаме големи разлики. И тоа е тоа, ние сме пред се партија на македонскиот народ и за македонскиот национално единство.