Уште еден ЕВРОПСКИ ПОРАЗ! Македонија СЛЕПО ЦРЕВО на Балканот, се вели во Фејсбук статусот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
-Владата СДСМ/ДУИ потпишува и прифаќа штетни договори, а не прави ништо за економскиот развој и развојот на инфраструктурата. Ако имаа добри контакти во Брисел ќе знаеа дека следниот голем инфраструктурен проект на ЕУ е брза пруга од пристаништата во Атина (Пиреа) и Солун до централна Европа, со цел скратување на времето за транспорт на луѓе и стоки во двата правци. Паметна Влада оди во Брисел и зема грант за брза пруга од Табановце преку Скопје до Солун. Мрзелива и неспособна Влада тоа го игнорира. Денес Србија на која сеуште и се потсмеваат дека е анти Европска добива 137 милиони евра грант за брза пруга Ниш – Димитровград – граница со Бугарија што е прв чекор кон заобиколување на Македонија од проектот за брза пруга Атина – Солун – Будимпешта – Виена, што ако се реализира е чекор кон претварање на Македонија во слепо црево на Балканот и губење на стратешката позиција на Македонија што е прв чекор кон ПОДЕЛБА и ИСЧЕЗНУВАЊЕ. Звучи апокалиптично, ама државите опстојуваат само ако има геостратешки интерес околу нив, вели Николоски.
Интерес на Бугарија е Македонија да е слепо црево и стратешки небитна, кој е интересот на СДСМ/ДУИ?, прашува тој.