Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска присуствуваше на Конференцијата за трговска и инвестициона арбитража во Виена.

Тој потенцира дека арбитражата како средство за решавање на спорови гарантира транспарентност и правна заштита, а истовремено владата дава поддршка за организирање вакви натани со цел поттикнување за користење на арбитражата како средство за сигурност на инвестициите.

Денес ја отворив Конференцијата за трговска и инвестициона арбитража во организација на VIAC (Vienna Center for International Arbitration) , MAIC (Macedonian Association of in-House Counsel) и адвокатското друштво Three Crowns. Арбитражата како средство за решавање на спорови обезбедува стабилна економска и правна сигурност во меѓународните договори, гарантира транспарентност и предвидливост на постапките, а со тоа претставува механизам за привлекување на странски инвестиции нудејќи стабилност и правна заштита на деловните субјекти. Владата дава поддршка за организирање вакви настани со цел унапредување на процесите, поттикнување и поддржување за користење на арбитражата како средство за сигурност на инвестициите, напипа Николоски на социјалните мрежи.