Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој е избран во 40-те највлијателни личности под 40 години во Европа од страна на бриселската Friends of Europe, во наредните три дена ќе учествува на средба во Загреб насловенa како „Спасување на демократијата од самата себе”. Во Загреб е предвидено да се сретнат овогодинешните избрани 40 личности од Европа, но и алумни од изминатите генерации.
Денеска Николоски имаше средба со Гари Капели, претседател на комитетот за надворешни работи во Хрватскиот Сабор, на која побара Македонија да почне преговори со ЕУ.
-При денешната посета на Загреб остварив средба со Гари Капели – претседател на комитетот за надворешни работи во Хрватскиот Сабор. Зборувавме за процесот на евроинтеграции на Македонија и силната поддршка која ја дава Хрватска и побарав Македонија да почне преговори со ЕУ затоа што тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на својот фејсбук профил.