Двајца членови на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ се назначени на функции во една од најголемите студентски организации во Европа, European Democrat Students. Имено, членот на Извршниот Комитет на УМС Тодор Конески е назначен за копретседател на комисијата за конференцијата за иднината на Европа, додека координаторот на студентската комисија при Градскиот комитет Скопје Дамјан Коњановски е назначен како уредник во списанието на ЕДС, BullsEye.
Овие две функции се плод на макотрпна работа во склопот на ЕДС и повторно ги реафирмираат европските заложби на УМС и на ВМРО-ДПМНЕ.
За овие функции со коментар се јави и потпретседателот на партијата Александар Николоски според кој овие позиции се резултат на напорна работа.
– Честитки за напорната работа на УМС која добива и меѓународна поддршка и признание. Како дома така и надвор сите знаат дека УМС е најпрогресивниот дел на Македонија!, напиша Николоски на Фејсбук.