Николоски дека многу европски земји иако не се за ветото на Бугарија кон Македонија, ама не се нити против ветото.
И досега многу пати лажна надеж имаше, постојано од 2018 година до сега говорам дека нема датум за преговори , не сум среќен што сум во право, затоа што сакам мојата држава да напредува, но власта ги игнорираше сите тие информации , од различни периоди и причини Македонија не добиваше датум за преговори, дали беше тоа влегувањето во иста група со Албанија, или беше неспроведувањето на реформи или беше неспороведувањето на препораките на ЕУ, случајот Рекет, после тоа дојде француска методологија, па дојде бугарската блокада. Од различни причини јас 4 години предупредувам дека нема да има датум, досега никој од власта не смогна сили да ме повика да разговараме, да видат како ги имам информациите и што можеме да помогнеме. Еве јавно кажувам воопшто октомври да не се става на маса, да не ги лажеме граѓаните , затоа што октомври не е опција, Прва следна опција е декември , но сум песимист за декември, од прилина што во Бугарија ќе има избори, претседателски, октомври -ноември месец каде што Радев ке трча за втор мандат и воопшто не е за очекување дека ќе се реши нешто . Ќе влијаат и нашите избори, така да не мислам дека треба да се лаже јавноста, изјави Николоски.
Треба да се согледа реалноста, точно е дека Бугарија стави вето, но точно е дека и уште неколку други држави членки на ЕУ не се ЗА тоа вето, ама не се ниту против.
Дел од тие земји членки не го кажуваат тоа, но неколку високо развиени европски земји не се за бугарското вето , ама не се ниту против. Одлуката за проширување не е единствената одлука која се носи со консензус. Постојат десетици други одлуки , дел од нив битни и за Бугарија еве на пример финансиска помош. Доколку сите земји членки се убедени дека Македонија треба да почне преговори, тие ќе стават вето на Бугарија за друго прашање и на тој начин ќе ја примораат Бугарија, но тоа не се случува, потенцира Николоски.