ВМРО ДПМНЕ пред изборите доби огромна поддрпка и од европските сестрински партии, поддршка добивме и од Доналд Туск и тоа на македонски јазик, изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски во студиото на Сител ТВ.
Јас сум благодарен на граѓаните и јасно е испратена пораката дека промени се потреби и промени ќе се случат во Македонија. Една ваква убедлива победа на локални избори од опозициона партија досега немало, изјави Николоски
Граѓаните поддржаа промени во Македонија , ќе излезат и во вториот круг . Во една прилика му реков на Зоран Заев во Собрание , сум гледал и едни други кога поразите ги претставуваа како победа, тоа е најлошата услуга. Самото тоа што не излегува на прес конференција говори доволно, изјави Николоски.
Вечерва СДСМ ја потцени интелегенцијата на граѓаните, констатира Николоски.