Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при денешната посета на општина Ѓорче Петров, рече дека очекува убедлива победа во Ѓорче Петров, нагласувајќи дека ќе понудат програма со која ќе создадат модерна општина.
Oчекуваме убедлива победа во општина Ѓорче Петров со кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Ние имаме визија да понудиме тука програма за општината која што ќе значи една модерна општина, една општина во која што ќе се реализираат ветувањата и општина која што ќе е пријатно место за живеење на тие кои што живеат тука и кој што сакаат да дојдат да живеат во Ѓорче Петров, а тоа ќе значи и еден голем придонес во победата за градоначалник на Град Скопје, вели Николоски.
Потпретседателот Николоски истакна дека особено е мотивиран за победа во Град Скопје по денешната најава на Зоран Заев дека главен фаворит на СДСМ за локалните избори е Петре Шилегов, односно како што рече тој ова е добра вест затоа што Шилегов е убедливо најнеспособниот градоначалник кој што било кога функционирал на ниво на Град Скопје.
Особено сме мотивирани за победа во Град Скопје и после денешната најава на Зоран Заев дека фаворит на СДСМ за изборите на градоначалник на Скопје е Петре Шилегов. За нас е тоа добра вест затоа што тој е убедливо најнепосбниот градоначалник кој што било кога функционирал на ниво на Град Скопје и со задоволство ќе понудиме многу подобра програма и многу подобар кандидат кој што ќе однесат победа на изборите за градоначалник на Скопје и да може градот да се развива во права насока.