Во емисијата „Заспиј ако можеш“ тој ја коментираше веста која вчера се појави во медиумите, а според која Фрчкоски ќе биде поставен за шеф на македонската мисија во ОН откако не помина обидот да стане македонски амбасадор во Вашингтон.
– Доколку е вистина ова за Обединетите нации, навистина, ја брукаме државата, од причина што, да не заборавиме, оваа држава дала претседавач на Генералното собрание на ОН. Срѓан Керим претседаваше со Генералното собрание на ОН, што е врв во дипломатијата и што е врв за една држава, особено мала држава како Македонија. Сега вие во едни такви услови, кога државата успеала таму да стигне до врвот, што многу ретко се случува, да пратите едни вакви компромитирани луѓе, мислам дека ја навредувате и организацијата во која ги праќате, а во случајот тоа е врвната светска организација, објасни Николоски.
Според него, огромен скандал за дипломатијата е тоа што клучните амбасади подолг временски период не се пополнети, почнувајќи од Вашингтон.
– Сакам јавно да прашам дали причината што Зоран Заев вака инсистира да го прати Фрчковски за амбасадор е тоа што му должи затоа што Фрчковски и Нано Ружин ја пишуваа номинацијата за недобиената Нобелова награда на Заев и дали тогаш, кога ја пишувале таа номинација, ветил дека ќе го прати за амбасадор, рече Николоски.
Инаку, засега нема официјана потврда кој би бил преставникот на Македонија во ОН