Во францускиот предлогот се газат на македонските позиции, таму јасно пишува дека во однос на македонскиот јазик двете страни, ќе дадат свое гледање на истиот и тие ќе бидат дадени со европската комисија и ќе станат дел од преговарачката рамка и документите на ЕУ. А се знае Бугарите дека ќе напишат дека македонскиот јазик е кодифицирана норма на бугарскиот јазик и тоа ќе стане дел од официјалните документи на ЕУ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за Клик Плус на ТВ 21 потенцирајќи дека овој предлог не нуди гаранции дека Бугарија нема да има други барања и нема повеќе да ја блокира Македонија во процесот на преговори.
Во врска со Бугарите во Уставот, Николоски прават игра на зборови, во превод велат дека прво треба да се промени Уставот па да почнеме со преговори, што е спротивно од тоа што претходно се тврдеше и од тоа што го бара Македонија.
– Тие ќе се обидат да речат дека одма почнуваме преговори, но да знае јавноста методологијата. Преговори почнуваат кога се отвора првиот кластер кој се нарекува фундаменти, односно се однесува на владеење на правото и тој останува цело време отворен затоа што е најважен. Македонија нема да може да го отвори овој кластер се додека не смени Устав и не ги внесе Бугарите во Уставот. Тоа е спротивно на целокупната стратегија говорена од високи владини функционери и Пендаровски кои велеа дека се спремни да се отвори Уставот, пред зачленувањето, а сега гледаме дека сакаат да го отворат Уставот пред почнување, изјави Николоски.
Николоски додаде дека барањето за внесување на Бугарите во Уставот беше претставувано како единствено и последно барање на Бугарија и за тоа можеше да се разговара доколку беше единствено и се направеше пред влезот на Македонија во ЕУ.
– Сега гледаме дека тоа е едно од серија барања, дека Бугарија оди во екстремна позиција, бара да се направи на почеток, пред да почнат преговорите ми без гаранција дека нема да добиеме други 20 вета во текот на преговори. Во такви услови ние од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаме за внесување на Бугарите во устав, односно отворање на Уставот, изјави Николоски.
Николоски укажа дека од владата не кажуваат дека барањето не како што е претставено во јавноста.
– Се претставува дека Бугарите да бидат внесени како што се Албанците, Турците, Србите, Ромите и останатите, о не. Бугарите бараат да влезат во нормативниот дел каде што ги има само Македонците, и тоа значи да бидат признати како основоположници на оваа држава. Мора да сме будни по ова прашање, ова е суштински битно егзистенционално прашање за македонскиот народ. Ние континуирано зборуваме дека потребни се гаранции во институционална пишана форма од страна на Бугарија, преку владата или собранието да кажат дека Бугарија нема да има дополнителни барања и дека нема да става вето во процесот на преговори, таква гаранција сега нема, нагласи Николоски.
За тоа и од владата кажуваат дека таква гаранција нема. Тоа значи дека ако го прифатат овој предлог, во Бугарија следна влада да рече дека е малку. Доколку се прифати овој документ Македонија нема никогаш да стане членка на ЕУ