Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска од Прилеп ги повика прилепчани и сите граѓани на Македонија да се приклучат масовно на протестот на 18 јуни пред Владата и да побараат предвремени парламентарни избори се со цел решавање на политичка, економска и национална криза.
-За некаде од 18тина дена, тоа е за три саботи од денес ќе се случи голем општо народен митинг на кој што очекуваме десетици, па можеби и стотици илјади граѓани да дојдат и да јасно пред Владата на Република Македонија побараат предвремени парламентарни избори на кои што ќе се реши оваа политичка, економска и национална криза, нагласи Николоски
-Би сакал да ги повикам сите граѓани од тука од Прилеп, но и од цела Македонија да ни се приклучат. Се надевам дека тој митинг ќе е освестување за СДСМ и ДУИ за после тоа да седнеме и договориме датум за предвремени парламентарни избори како единствено решение за излез од оваа криза. Премногу време се изгуби ни е од април апелираме да се седне и да се разговара и да се формираат четири тима во четирите болни области тоа се финансиите, спорот со Бугарија и евроинтеграциите, здравството и секако образованието. Но, за жал нема одговор од СДСМ и ДУИ, овој митинг е едно сериозно предупредување и порака што е желба на народот и после да одиме на предвремени парламентарни избори за излез од кризата, рече тој.