Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска ќе биде гостин во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.
По тој повод тој објави статус на својот Фејсбук профил и ги повика сите да го следат неговото излагање во 18:30 часот.
„Вечерва од 18:30 следете го гостувањето на Канал 5 ТВ во емисијата Само Интервју.
Ќе разговараме за тоа како ги трошат и крадат народните пари, како неспособноста и корупцијата на СДСМ и ДУИ ја чини Македонија милиони евра.
Следете!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.