Работиме на еден голем инвестициски циклус. Во делот на автопатиштата, на експресни и регионални патишта, железничката инфраструктура, болници, во секторот образование и други сектори кои ги развиваме. Се работи за тековни и нови проекти и проекти кои што треба да донесат нови вработувања, потенцираше вицепремиерот Николоски во интервјуто за ТВ Сител.
„Во моментов градиме паралелно четири автопати со амбиција да отвориме и петти. Го градиме Тетово-Гостивар, го градиме Гостивар -Букојчани, го градиме Гостивар-Кичево, Кичево-Охрид кој е во напредна фаза, го градиме Прилеп – Битола и дополнително на ова имаме активен тендер за Кичево-Букојчани. Се градат експресни патишта, втората фаза од експресниот пат Прилеп-Градско, делницата од Дреново до Фариш, таа е пред завршување ќе ја пуштиме за сообраќај. Тука е делницата од Богданци до Гевгелија, имаме и други регионални патишта, истакна вицепремиерот Николоски.
Тој додаде дека за период до два месеци ќе излезе со детални информации за нови проекти. Исто така потенцираше дека за реализација на овие проекти, дел се обезбедени средства од буџетот, дел ќе се обезбедат во вид на заеми.