На прашањето дали може во декември или јануари да очекуваме дека ќе почнеме преговори со Европската унија, Николоски одговори дека во декември датум за почеток на преговори на Македонија со ЕУ за жал нема да има.

-Велам за жал затоа што јас сакам мојата држава да напредува, во јануари е невозможно да има да ја знаат слушателите техниката на одлучување во ЕУ, имаат два главни самити коишто се во декември и во јуни и по потреба имаат два меѓу самити кои по потреба се во март и во октомври, во јануари целовкупната европска бирократија оди на скијање, така што во јануари може да има само датум за скијање, вели Николоски.

Тој истакна дека клучот на целиот проблем,покрај Бугарија која е апсолутно сериозен проблем, е корупцијата.

-Јас сакам да ја потсетам јавноста, пролетта некаде април месец 2018 година, значи повеќе од три ипол години, јас кажав дека Македонија со Зоран Заев никогаш нема да добие преговори со Европската Унија, еве крај на 2021 година сме, јас сум во право, тие не и не сум среќен затоа што сум во право, затоа што државата уназадува, рече Николоски.

Николоски додаде дека има клучни проблеми зошто Македонија не почнувава преговори со Европската Унија.

-Број еден проблем над сите проблеми е корупцијата, број два е немањето реформи, број три лошата економска ситуација, број четири е групата со Албанија, дури после тоа доаѓаат другите спорови, затоашто да не се лажеме Македонија има блокада од најслабата или втората од долу земја членка на ЕУ, значи нас не блокира Бугарија, нас не не блокира Данска,нас не блокира Бугарија, доколку големите држави членки на ЕУ беа убедени дека Македонија и Зоран Заев заслужуваат преговори, ќе испратеа еден дипломатски булдожер во Софија и ќе ја завршеше работата, истакна тој.