Огромна е привилегија што сум дел од ваков избор кој до пред неколку години беше ограничен само за ЕУ, а потоа се прошири и со земјите кандидати. Но нема правило дека мора од секоја држава дека мора да има човек, затоа што изборот не е по држави туку по личности и тоа дава доплнителна тежина, изјави Алесандар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во „Што не е јасно“ на Алфа во врска со неговиот избор во 40 највлијателни личности под 40 години во Европа.

Николоски вели дека е ова е и признание за Македонија и е горд тоа што го имаат напишано, бидејќи ова е избор без кандитирање ниту сам може да се кандитирате ниту некој може да ве кандитира и карактеристиките ги пипуваат тие кои го прават изборот.

– Таму напишале дека сум борец против корупцијата и дека се залагам за членство на Македонија во ЕУ. После 4 години серизни битки со Заеви и со целокупната корумпирана елита на СДСМ, тоа е меѓународно признато. Изнесов бројни афери во јавност, никогаш не излегов без документи и факти, рече Николоски.

Николоски посочи дека за жал ја имаме најкорумпираната влада во историјата која ја урниса Македонија и по промената на власт ќе има сериозни процеси затоа што мора овие афери да имаат судска завршница.