“За автопатот Скопје -Блаце имаме дел кредит, дел грант со ЕБОР и со договор со ЕБОР да одиме според нивните правила, затоа што за да се изгради еден инфраструктурен објект најважно е да се обезбедат средства. Имајќи предвид дека ги обезбедуваме од таму, ги следиме нивните правила. И според нивните правила сме во финална фаза на избор на изведувач, која велам финално очекувам за максимум недели, не месеци, туку недели, Европската банка за обнова и развој да го избере Изведувачот и после тоа да почнат да работат. Таму рок за завршување е 3,5 години според правилата на банката, имајќи предвид дека и делницата е пократка” истакна Николоски.
Министерство за транспорт
