– Сега не гледам дека истата идеја е на маса. Тоа што Заев го сака прво, е да бира раководство во ВМРО-ДПМНЕ, но тоа нема да му се дозволи и второ, нему му треба контрoлирана опозиција со цел вечно да владее. Тој филм нема да го види, додаде тој.
Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нуди експертска влада.
– Бесими не е најголем експерт и Филипче не е најголем експерт. Мислам дека има такви имиња има во МАНУ, во бизнисот…, рече Николоки.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека предвемени парламентарни треба да има заедно со локалните.
– Каде има кутија за локални, таму и за парламентарни избори, и во еден трошок оди тоа, кажа Николоски.
Во однос на читачите на прсти, Николски рече дека мора да ги има за да нема манипулација.
– Тоа мора да се случи, тоа е законска обврска и мора да се почитува законот затоа што се одговара. Министерот за финансии да обезбеди средства за фингерпринт апарати, бидејќи ако не го стори тоа кривично ќе одговара, за тоа мора да се случи, вели Николоски.