Скопје ќе ги добие првите 30 нови електрични автобуси до декемри годинава, или јануари 2027год. Ова вечерва во “Тема на денот” го соопшти заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој истакна дека процесот за жалба е завршен и сега министерството ќе пристапи кон потпишување на договор со избраниот понудувач.
“Заврши процесот на жалба, така што овој пат процесот е целосно завршен, сега влегуваме во процес на потпишување на договор, иако рокот на испорака е 6 месеци од денот на потпишување на договорот, моето барање од понудувачот е првите автобуси да стигнат во декември месец”, рече Николоски.
Вицепремиерот додаде дека според јавната набавка, планирано е сите 150 автобуси да бидат испорачани во рок од 18 месеци.
“Планирано е следните 60 автобуси да стигнат во рок од 12 месеци, и уште 60 да стигнат во рок од 18 месеци. Така што за година ипол треба да заврши целата испорака”, истакна заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.
