Морам да укажам дека за жал ова што ни се случува, оваа недоверба во судството, во правосудниот систем, генерално во институциите поврзани со правосудниот сектор, за жал е резултат само заради одредени поединци, вели адвокат Ружица Николовска, во рамки на акцијата Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија на денешната трибина насловена „Криминал и корупција“.

Николовска посочи дека како адвокат кој речиси секој ден е по ходниците, има перцепција дека одредени предмети знаат да се протуркаат набрзина со кршење на човековите права само да се донесе пресуда, додека пак за некои предмети има молк.

Јас како човек кој што буквално секој ден сум по судските ходници мојата забелешка и моја перцепција е дека да одредени предмети знаат да се протуркаат со максимална брзина и буквално со кршење на човекови права само за да се издејствува пресуда без разлика каква и да е, а за разлика од тоа постојат предмети каде што имаат молк. И не само што имаат молкум, туку ова што го гледам последните денови конкретно префрлањето ДКСК, случајот со Мерко, институциите, малку е смешно. Зошто? Затоа што има клучни институции кои си ја префрлаат топката и сега како мали деца не, не сум јас, јас пуштив на време, или не, не сум ни јас, јас не добив на ништо. Сакаме да настапи во суштина да го решиме проблемот, или сакаме само формалистички нешто да пропагираме дека имаме институции, рече таа.

Адвокатката Николовска изјави дека била дел од неколку клучни предмети, посочувајќи го предметот за конфискација на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи дека за да се конфискува нечии имот треба прво да се докаже дека тој навистина потекнува од одредено кривично дело, што не е случај со овој предмет.

Конкретно за предметот во кој е конфискуван имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Јас нема да навлегувам во тоа да ја објаснувам постапката. Зборам од правен аспект, за вие да конфискувате нечии имот прво треба да покажете дека тој имот навистина потекнува од одредено кривично дело. Тоа е број еден работа, нагласи таа.

Според нејзе правосудниот систем е дојден до тој степен да треба меѓународната заедница или некој странски дипломат да алармира, буквално како што рече да ви кажеме на јазик на кој вие разбирате за нешто да почнете да менувате.

Кога би биле во поинакви услови и околности, јас како секој еден човек кој чувствува припадност кон сопствената земја, не би ми било сеедно како некој странски дипломат се меша во внатрешни работи, судство и слично. Но, очигледно е дојдено до тој степен да некој не алармира на таков начин, и знаете каков впечаток има во смисла на тоа мораме да ви кажеме на јазик на кој вие разбирате, за жал, смета Николовска.

Очигледно е дека тука имаме глувост па сега доаѓаме да не критикуваат и меѓународната заедница, што е жално во крајна линија и треба да се запрашаме што треба да промениме, заклучи адвокатката Николовска.